Да им го сокриеме нашиот гол на Ерменците, па да ги нападнеме за триумф (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Ереван, Ерменија

Владимир Булатовиќ

Македонската репрезентација го одработи официјалниот тренинг на националниот стадион „Вазген Саргсјан“ во Ереван во очекување на утрешниот натпревар против Ерменците во 4. коло од Ц-Лигата на нациите на УЕФА.

Низ максимално позитивна атмосфера, посебно по убедливата победа од 0-3 против Летонија пред два дена, националниот тим го реализираше вечерашниот тренинг на стадионот кој е со капацитет од 15.000 седишта. Сосема е јасно дека желбата на секој поединец во репрезентацијата е со позитивен резултат да се сочува лидерската позиција со што би се направил значителен чекор кон крајно освојување на првото место во групата.

Нема сомнеж дека основно е „да им се сокрие нашиот гол“ утре на Ерменците, а да се искористи секоја можност за загрозување на противничкиот, со посакувана реализација која би донела позитивен резултат…

 

Се вчитува...