Ракометарите на Бутел го освоија Кавадарци, откако ја победија екипата на Тиквеш во драматична завршница и со гол во последните секунди, после една голема грешка на домашните играчи.
Херој на Бутел беше Димитар Узунчев, кој ја украде таа топка, и потоа погоди во празниот гол за конечен триумф од 24-23.
Натпреварот беше интересен, се играше гол за гол, ретко која екипа се одвои на два разлика. На полувремето беше 10-10, а потоа следуваше вистинска драма. Се влезе во егал во последните мигови, Узунчев погоди во празниот гол.
Тиквеш се обиде да израмни, но Даневски ја погоди само стативата.
Николов шест гола беше најефикасен кај победничкиот тим, додека воопшто на натпреварот играчот на Тиквеш Мијатовиќ беше стрелец на осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА