Србија ја „реши“ Швајцарија, Шпанија со „минималец“ против Данска, „три од три“ за Португалија (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Србија ја оствари првата победа во Лигата на Нации, откако во Лесковац ја совлада селекцијата на Швајцарија со 2-0. Србите имаа слаб почеток на мечот, му ја препуштија иницијативата на противникот, меѓутоа потоа во крајот на првиот дел и на стартот на вториот стигна до победата.

Елведи си постигна автогол во првата минута од судиското надополнување по центаршут на Самарџиќ. Во 61. минута Митровиќ постигна прекрасен гол за водство од 2-0. Швајцарија можеше да се врати во мечот во 72. минута преку Емболо од пенал, но Рајковиќ го одбрани неговиот удар.

Во истата група, Шпанија стигна до втората победа, откако ја совлада селекцијата на Данска со 1-0. Стрелец на единствениот гол за европскиот првак беше Зубименди во 79. минута. Заслуги за овој гол има и голманот на Данска Шмајхел кој не интервенираше најдобро, но во текот на мечот имаше неколку добри одбрани.

Кристијано Роналдо постигна гол во победата на Португалија на гостувањето кај Полска. Најпрво Бернардо Силва ја „начна“ Полска во 26. минута, а потоа Роналдо во 37. минута донесе 0-2. Зиелински во вториот дел намали, а конечните 1-3 беа по автоголот на Беднарек.

Во Лигата Ц, Романија оствари триумф над Кипар со 0-3, додека Белорусија и Северна Ирска одиграа меч без голови.

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...