ЕКИПА во Ереван, Ерменија
Владимир Булатовиќ
Ерменците посакуваат одмазда против Македонија за поразот од 2-0 минатиот месец во Скопје, овој пат како што велат цврсто решени да дојдат до победата со која ќе останат во игра за првото место во групата.
Фудбалерот на руски Сочи, кој игра како позајмен фудбалер во редовите на домашниот Арарат-Ереван, Хофханес Харутјунан вели дека добро е анализирана македонската селекција па со сигурност атакуваат на трите бода на денешниот дуел во Ереван.
„Добро ја анализиравме оваа најнова Македонија која има сериозни промени во составот во однос на последните наши пресметки. Ги знаеме и нивните добри, но и слаби страни кои ќе се обидеме да ги искористиме за да дојдеме до победата. Мора да направиме се што знаеме и умееме за да дојдеме до победата. Излегуваме на терен од првата минута со цел задолжително да ги освоиме трите бода, и немаа воопшто да штедиме сили за да дојдеме до тоа“ – вели Харутјунан.
Натпреварот меѓу Ерменија и Македонија на националниот стадион „Вазген Саргсјан“ во Ереван се игра денеска со почеток од 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА