Србија по подолга пауза конечно одигра еден одличен натпревар, успевајќи да слави на домашен терен во Лесковац над селекцијата на Швајцарија со 2-0.
Селекторот Стојковиќ повторно на располагање немаше неколку стандардни првотимци, но оние кои добија шанса максимално ја искористија, освојувајќи ги симпатиите на домашната јавност. Еден од нив беше и Лазар Самарџиќ, плејмејкерот на Аталанта кој се почесто добива шанса и во националниот тим.
„Одигравме страшен меч, го оставивме срцето на терен, навивачите беа фантастични, така треба да биде секогаш… Верувам дека и на следните натпревари ќе играме исто, да дадеме гол повеќе од противникот. Атмосферата во самата репрезентација е одлична, таа е предуслов за уште подобри резултати во иднина. Швајцарија е одлична екипа, но исто така е и Србија. Затоа и знаевме, дека завидиме од самите себе, дека само треба да одиграме најдобро што знаеме. Оваа Србија може да победи буквално секого“, изјави Самарџиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА