Драган Стојковиќ – Пикси се соочуваше со огромен притисок за време и по ЕВРО 2024, искусниот стручњак остана на клупата на Србија и синоќа конечно имаше причина за задоволство откако неговата селекција ја надигра Швајцарија и заслужено славеше.
И наместо да ужива во успехот и позитивната атмосфера создадена пред гостувањето во Шпанија, Стојковиќ искористи дел од прес-конференцијата по мечот за да ги „посоветува“ навивачите како треба да ги бодрат неговите фудбалери.
„Искрено, сакам некој да ми објасни, навистина не разбирам… ние водиме со 2-0, во 80 и некоја минута, а од трибините слушам „Ајде сите во напад“. Јас тие работи не можам да ги разберам, добро, Јовиќ имаше шанса за 3-0 и пак слушам, „Ајде сите во напад“… А имаме 2-0, за мене тоа е неразбирливо. Луѓето треба малку да се едуцираат, не може така… Кога имаш такво водство важно е да си организиран во одбраната. Лесно е да се каже ајде сите во напад, тешко е да се задржи водството“, изјави Стојковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА