Македонија со „нова одбрана“ во пресметката против Ерменија

Македонија со речиси цела нова одбрана, денеска ќе се спротивстави против Ерменците. Селекторот Благоја Милевски сигурно нема да смета на услугите на Стефан Ашковски поради повреда, а Висар Муслиу ќе се чека до последен миг дали ќе може да настапи.

Затоа се чини дека во одбраната ќе бидат единствените три измени кои се планираат за овој меч. Така Димоски влегува во првиот состав, а исто така и стоперите Зајков и Серафимов кои ја одлежаа суспензијата од еден меч. На дуелот со Летонците во стоперски улоги беа Манев и Муслиу.

Кај останатите позиции се чини ќе нема замени. Во средниот ред ќе се најдат Атанасов, Алими, Барди, Елмас и Бабунски, додека во нападот ќе дејствува Бабунски.

Се вчитува...