Јаник Синер не го криеше задоволството откако стана првиот италијански тенисер што се закитил со титулата на Мастерс-турнирот во Шангај, уште повеќе бидејќи за противник во големото финале го имаше Новак Ѓоковиќ.
Првиот светски рекет имаше само пофални зборови за Србинот, против кого има четири победи на последните пет меѓусебни пресметки.
„Беше многу тешко, слободно можам да кажам дека играњето против Ѓоковиќ е една од најтешките работи во светот, затоа сум пресреќен што успеав да триумфирам. Тој сервираше одлично во првиот сет, но одиграв квалитетно во тајбрејкот и тоа ми даде дополнителна самодоверба. Како се победува Новак? Тешко е да се каже бидејќи не постои конкретна тајна, само морате да ги искористите малиот број на шанси што тој ќе ви ги дозволи. Во текот на целиот меч немав многу можности, но во тие клучни моменти дадов се од себе и имав успех. Ѓоковиќ е легенда на нашиот спорт и затоа сум пресреќен што денеска го победив и стигнав до трофејот“, изјави Јаник Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА