Кошаркарите на Чаир 2030 и на Кожув, дојдоа до победи во второто коло кошаркарската Прва лига. Чаир го совлада Феникс на негов терен, додека Кожув како домаќин беше подобар од Вардар.
Чаирчани славеа со 20 разлика, односно 93-73. Феникс беше рамноправен ривал само во првиот дел, а потоа во второто полувреме Чаир заигра многу подобро, за на крај висока разлика. Кирк го преводеше победничкиот тим со 21 поен, додека кај Феникс Грант постигна 23 поени.
Кожув, пак, уште од стартот го презеде водството над Вардар, и го одржа до крај, за слевје од +12 (87-75). Гевгеличани дојдоа до осум предност во првата четвртина, и потоа само ја одржуваа разликата и на моменти ја зголемуваа. Во еден миг имаа и предност од 18 поени.
Стевановиќ со 25 поени кај победничкиот тим беше најефикасен, а на средбата Хемптон од Вардар беше најдобриот со 27 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА