ЕКИПА во Ереван, Ерменија
Владимир Булатовиќ
Не можеше македонскиот селектор Боби Милевски да ги сокрие и емоциите на прес-конференција во Ереван, како што истакна, чувствувајќи огромна гордост што е селектор и тренер на извонредни момци, пред се вистински одбрани карактери а потоа и врвни фудбалери, со кои и цела Македонија треба да се гордее.
Токму затоа Милевски не можеше да издржи а да не испрати и индиректна порака до клубовите во кои настапуваат, останувајќи реално вчудоневиден поради слабите минутажи во клупските средини.
„Овие момци се вистинска гордост. Покажаа низ овие три претходни натпревари во Лигата на нации колку се вистински фудбалски големи. Преку овие свои настапи испраќаат пораки и сигнали до своите тренери во клубовите каде играат, добро да увидат што имаат во своите редови. Од 11 првотимци, па да не претеруваме можеби девет немаат минутажа во своите клубови, но на секој натпревар во репрезентацијата демонстрираат што знаат и умеат. Затоа ќе повторам, навистина и не се нормални. Знам дека некогаш сум тежок во своите очекувања, желби и барања од нив, што, пак, најдобро го знаат и моите во семејството… Но, знам и колку овие момци знаат дека на тој начин само заеднички го бараме само најдоброто за Македонија и македонскиот фудбал“ – истакна Боби Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА