„На Англија и е потребен првокласен тренер со големо искуство“

Привремениот селектор на Англија, Ли Карсли, изјави дека на фудбалската репрезентација и треба првокласен тренер.

Карсли ја презеде Англија откако Герет Саутгејт се повлече од селекторската функција во средината на јули, по поразот од Шпанија со 2-1 во финалето на Европското првенство, и победи на три од четирите натпревари во Лигата на нации.

Англија вчера во Хелсинки ја победи Финска со 3-1 во Лигата на нации, а Карсли по мечот сам изјави дека на Англија и е потребен првокласен тренер.

„Оваа работа заслужува првокласен тренер кој освоил трофеи, полн со искуство, а јас сум далеку од тоа“, изјави Карсли по натпреварот.

Се вчитува...