Австралискиот тенисер Ник Кирjос изјави дека целта му е освојување на гранд-слем титула, кога ќе се врати на теренот по продолжената пауза поради повреда.
Кирјос нема одиграно натпреварувачки меч од минатиот јуни во Штутгарт, но сака да освои гранд-слем титула пред да стави крај на кариерата.
„Се враќам затоа што има нешто во оваа игра што ме одржува понатаму. Ги победив речиси сите против кои играв, играв финале на гранд-слем, освоив гранд-слем во двојки. Освоив многубројни титули и заработив пари, но сега мојата главна цел е трофеј од гранд-слем“, изјави Кирјос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА