Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола гостуваше на италијанска телевизија каде говореше на многу теми.
Една од нив беше евентуалната средба помеѓу Манчестер Сити, тимот кој сега го води, и Барселона, тимот во кој израсна и како играч и како тренер.
„Се надевам дека нема да се сретнам со Барселона во Лигата на шампионите. Љубовта што ја имам кон Барселона и како таа влијае на мене би ме уништила. Бев среќен во Барселона, тој тим секогаш ќе биде во моето срце“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА