Десниот бек на ПСВ Ајндховен Сержињо Дест се отвори за својот четиригодишен престој во Барселона кој заврши ова лето.
Фудбалерот на школата на Ајакс дојде на „Камп Ноу“ во 2020 година од редовите на холандскиот тим, а беше пречекан од шефот на стручниот штаб на Холандија, Роналд Куман. По доаѓањето на Чави, стана јасно дека нема место за Дест, по што следуваше сезона на позајмица во Милан, а потоа и кај ПСВ, чии бои сега ги брани.
„Тој не беше искрен со мене. Разговаравме во неколку наврати, ми кажа нешто за кое се сомневав дека е вистина. Пред летната пауза ме уверуваше дека смета на мене и дека не треба да им обрнувам внимание на новинарите. Меѓутоа, штом се врати, ми рече дека ќе морам да одам“, тврди Дест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА