Јаник Синер со триумфот во Шангај само ја зголеми предноста пред своите најблиски следбеници на АТП листата. Италијанецот ја започна 18. недела од своето владеење, а по Мастерсот во Кина има вкупно 11.920 бодови.
Најважно за него е што ја осигурата првата позиција на АТП листата на крајот на годината, па во јануари ќе пристигне во Мелбурн да ја одбрани титулата како прв носител. Во рангирањето на првата петорка немаше промени, втор и понатаму е Карлос Алкараз со 7.120 бодови, додека трет е Александар Зверев со 6.795 бодови.
Финалистот од Шангај, Новак Ѓоковиќ остана на четвртото место со 6.210 бодови, додека Даниил Медведев е петти со 5.530. Тејлор Фриц скокна од седмата на шестата позиција и има 4.415, а Рублев е во мини-пад и има 4.110. Топ десет листата ја затвораат Каспер Руд со 3.885, Алекс де Минор со 3.610 и Григор Димитров со 3.580 поени.
Oд македонските тенисери, Калин Ивановски кој се соочува со повреда и не игра оваа година е на 926. место, додека Горазд Србљак е 1158.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА