Флорентино Перез ја најде замената за Лука Модриќ

Се чини дека се ближи крајот на една ера во Реал Мадрид, бидејќи сè укажува на тоа дека Лука Модриќ наскоро ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

Хрватскиот маестро, кој со години е клучен играч во средниот ред на „кралскиот клуб“, веројатно ја игра последната сезона во Мадрид. Иако се чини дека разделбата со Модриќ е неизбежна, Реал Мадрид веќе активно работи на пронаоѓање на негова замена.

Според шпанскиот весник „АС“, управата на Реал на чело со претседателот Флорентино Перез го ставила Флоријан Вирц како врвен приоритет. Младиот германски играч за врска од Баер Леверкузен се гледа како наследник на Модриќ, поради неговите слични технички и тактички карактеристики. Вирц долго време е под будното око на Реал, уште откако дебитираше во Бундеслигата на 17 години, а неговото име сега е запишано со црвени букви во бележникот на Перез.

Се вчитува...