Кошаркарот на Реал Мадрид, Факундо Кампацо е казнет по натпреварот од првото коло во Евролигата. Тогаш таа казна беше укината, па можеше да игра против Партизан, но, сега повторно е на сила.
По натпреварот помеѓу Реал и Баерн во првото коло од Евролигата, Факундо Кампацо доби суспензија од еден натпревар. Тоа во тој момент значеше дека Реал нема да може да смета на Кампацо на натпреварот од второто коло против Партизан во Мадрид. Сепак, тој играше, а одлуката за укинување на суспензијата на Кампацо дојде пред Комисијата за жалби, која ја врати првичната одлука.
Така Кампацо е казнет со еден натпревар суспензија и нема да игра во третото коло од Евролигата. Тој ќе ја одлежи суспензијата во вторник на гостувањето на Реал во Басконија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА