За Гвардиола нема дилема кој е најдобриот фудбалер на сите времиња

Славниот шпански тренер Пеп Гвардиола на гостување на италијанската емисија „Che Tempo Che Fa“ доби прашање кој за него е најдобриот фудбалер во историјата.

Според трофејниот стратег нема дилема. Тоа е Лионел Меси кој го тренираше од 2008 до 2012 година во Барселона. Период во кој каталонскиот тим освои три шампионски титули во шпанското првенство, две титули во Лигата на Шампионите и две во Купот на Шпанија.

„Лионел Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња. Можеби не покажувам почит кон Пеле и Марадона, но не можам да замислам некој друг освен Меси. Да бидете толку константен како него тоа е неверојатно.

Го гледам тој дечко како тренира од ден во ден и секој трет ден игра неверојатени натпревари. Кога имате шанси да му бидете така блиску и да го следите, тогаш сфаќате каков фудбалер е тој. Меси е уникат. Среќен сум што имам шанса да го гледам и да му се дивеам за тоа што го прави на теренот. Тоа е најубавиот фудбал кој сум го гледал во животот“, вели Гвардиола.

Се вчитува...