Натпреварот помеѓу Тенерифе и Барселона во 3. коло од шпанското кошаркарско првенство го одбележа победата на каталонците во неизвесна завршница, но и несекојдневен потег кој стана хит на социјалните мрежи.
Имено, кошаркарот на гостите, Дарио Бризуела во последната четвртина удри судијка по задникот откако му досуди прекршок. Тоа често го прават соиграчите, па дури и противници доколку добро се познаваат, но не се памети еден кошаркар да удри судијка по задникот. Сепак судијката не реагираше на овој потег на Шпанецот па тој не доби казна.
Darío Brizuela, jugador del Barça de baloncesto, tocándole el culo a una árbitro. Lo que nos faltaba por ver de este club corrupto y mafioso.
¿Será denunciado por agresión sexual como Rubiales?
0 días sin delitos. #Valors #MesQueUnClub
— Raymond Reddington 🤍 (@ReymondRD_) October 13, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА