Одлуката на еден од најтрофејниот Формула 1 возачи, Луис Хамилтон да го замени болидот на Мерцедес со Ферари наиде на жестоки дебати и реакции во светот на најбрзиот спорт.
Оваа одлука сега ја прокоментира и поранешниот шеф на Ферари, Матео Биното кој оваа функција ја вршеше од 2019 до 2022 година во разговор за италијански медиум.
„Не“, одговори Биното на прашање дали тој самиот би го ангажирал Луис Хамилтон.
„Сепак мислам дека правилно постапи со тоа што ја прифати понудата и се согласувам со неговата одлука. Но, мислам дека Ферари би требал да се фокусира на други возачи. Доколку Леклер е голем талент, тогаш тој треба да биде во фокусот на Ферари“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА