Добра и лоша вест за Црвена Звезда пред двојното коло во Евролигата

Црвена Звезда има префектен скор на почетокот на новата сезона во Евролигата. По стартните победи над Париз и Басконија сега тимот предводен од Јанис Сферопулос го очекува тешка задача да ја продолжи победничката низа со гостување кај Фернербахче.

А, пред натпреварот кој е закажан за во вторник со почеток од 19 часот и 45 минути навивачите на „црвено-белите“ добија добри и лоши вести.

На теренот во Истанбул ќе се најде Милош Теодосиќ, искусниот ветеран чија суспензија од два натпревара истече па ќе му биде на располагање на грчкиот стратег, но неизвесен до почетокот на средбата ќе биде Немања Недовиќ.

„Што се однесува на Немања Недовиќ, тој ќе проба да тренира денеска. Ќе видиме дали ќе биде подготвен за натпреварот или не. Ќе патува со нас сигурно, но не знаеме дали ќе игра“, изјави Сферопулос за српските медиуми.

Се вчитува...