Првиот трансфер на Клоп на новата позиција ќе биде „вундеркид“

Прославениот германски стратег Јирген Клоп од самиот почеток на 2025 година ќе има нова улога. Тој ќе биде главен координатор и одговорен за трансферите на клубовите кои се под капата на компанијата „Ред Бул“, меѓу кои и е германскиот Лајпциг.

Според светските медиуми тој веќе и ја има првата мета за трансфер во германскиот бундеслигаш. Станува збор за турскиот „вундеркид“, Арда Гулер.

Гулер пристигна во Реал Мадрид на почетокот на претходната сезона, а и покрај повредата која го оддалечи од терените неколку месеци покажа зошто е доведен во шпанскиот гигант.

Во Реал Мадрид се бори за своето место, а доколку реализира трансфер во германскиот тим би бил еден од клучните фудбалери во тимот.

Се вчитува...