Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин го даде своето мислење за најактуелната тема во светот на фудбалот – бројот на натпревари во една сезона.
Чеферин призна дека се играат максимален број на натпревари, но и нагласи дека само гласот го креваат само најбогатите клубови, со најголем број на фудбалери и најголеми плати.
„Мораме да признаеме дека распоредот на натпревари ја достигна максималната граница. Сепак влијанието не е исто. Некои клубови имаат голем обем на работа, но голем број други имаат повеќе од доволно капацитет да живеат удобно. За екипите со најголеми проблеми нема простор за повеќе натпревари. Кои се тие што се жалат? Оние кои имаат највисоки плати и имаат 25 играчи од врвно ниво. Тие што добиваат помалку пари и едвај имаат 11 играчи не се жалат и сакаат да играат“, вели Чеферин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА