Барселона доживеа нов шок по повредата на младиот талент Ламин Јамал кој мораше да ја напушти репрезентацијата на Шпанија по дуелот со Данска и да се врати во каталонскиот град.
По деталните прегледи утврдено е дека сепак не станува збор за сериозна повреда. Јамал има истегнување на тетивата на левото колено, повреда која нема долго да го оддалечи од теренот.
Сепак Барселона не соопшти колку време ќе мине надвор од комбинација за настап со првиот тим, само дека ќе се врати кога ќе биде „подготвен за игра“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА