Евролигата ги суспендираше „тепачите“ Биберовиќ и Брајант

Кошаркарот на Фенербахче, Тарик Биберовиќ и играчот на Ефес, Илајџа Брајант се казнети и суспендирани на еден натпревар поради инцидентот што го направија на истанбулското дерби во второто коло од Евролигата.

Биберовиќ е казнет со пет илјади евра, додека Брајант мора да плати двојно повеќе пари за својот дел во инцидентот. Тепачката се случи во третата четвртина кога и двајцата играчи завршија на земја по кошот на Биберовиќ.

Во понеделникот, Брајант се огласи на социјалните мрежи и го обвини Биберовиќ за ескалација на ситуацијата. Биберовиќ одговори дека се може да се види врз основа на приложениот фото и видео материјал и дека дополнително појаснување не е потребно.

Се вчитува...