Двократниот европски шампион Вардар вечерва ќе му гостува на големиот фаворит Мелсунген во натпревар од 2. коло од новата сезона во второто по ранг ракометно натпреварување на стариот континент, Лигата на Европа.
„Црвено-црните“ одлично ја стартуваа годинашната кампања со убедлив триумф над исландскиот Валур пред седум дена во Скопје (33-26). Мелсунген е предводен од Роберто Гарсија Парoндо, тренер кој засекогаш ќе остане впишан со златни букви во мак-ракометот, бидејќи го водеше скопскиот тим до втората титула во Лигата на шампионите во 2019 година.
„Мелсунген имаше идеален старт во Европската лига, одработевме одлично против Порто. Сега мора да продолжиме така пред своите навивачи. Првпат во кариерата ќе се судрам со Вардар по заминувањето од Скопје. По натпреварот со сигурност ќе разбудиме стари спомени, ќе имаме време да се присетиме на добрите времиња. Сепак, пред стартот се подготвуваме како за секој останат меч“, изјави Парондо.
„Вардарци“ се соочуваат со проблеми откако Томи Јагуриновски поради повреда отпадна од комбинација и за овој меч, откако веќе на листата на повреди посериозна повреда се најде Хориха.
Натпреварот меѓу Мелсунген и Вардар е со почеток во 18.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА