Скандал во Зеница: Навивачите на Босна и Херцеговина и Унгарија скандираа „убиј го србинот“

Срамни сцени го одбележаа крајот на натпреварот од четвртото коло од Лигата на нации, во кој Унгарија во Зеница ја совлада Босна и Херцеговина со 0-2.

Во еден момент навивачите на двете репрезентации скандираа „Убиј го Србинот“, по што ги извикуваа имињата на своите земји.

Видеото од стадионот набрзо беше објавено на сите социјални мрежи, а сведоците тврдат дека унгарските навивачи се тие кои започнале со пеење. Се уште се чека потенцијална реакција од УЕФА, која ќе го каже последниот збор дали ќе следат санкции.

 

Се вчитува...