Турскиот евролигаш Фенербахче ја најде замената за Скоти Вилбекин кој го повреди коленото на првиот меч од новата сезона. Првично се зборуваше дека замена може да биде Шабен Ли, играчот кој постигна 43 поени за Маниса во ФМП Железник, но тој замина во Макаби на местото на Џордан Лојд.
Како што објавија европските медиуми, Вилбекин во жолто-синиот дрес на Фенербахче ќе го замени Скајлар Мејс, кој очигледно не ги убедил челниците на Минесота Тимбервулфс дека треба да добие место во тој тим за следната сезона.
Овој 191 центиметар висок плејмејкер е во завршна фаза од преговорите со Фенербахче. Мејс помина четири години во ЛСУ, а потоа играше за Атланта, Лејкерс и Портланд во НБА, со чести патувања во Г-лигата.
Минатата сезона, играјќи за Лејкерс и Трејл Блејзерс, забележа 4,1 поен по натпревар на вкупно 38 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА