Поранешниот фински хокеар Јане Пухака (30) е пронајден мртов во својот дом, а полицијата се сомнева дека неговото убиство го извршил неговиот партнер Ролф Нордмо (66). Според овие информации, Пухака бил убиен со сачмарка, а употребеното оружје било законска сопственост на Нордмо.
Веднаш по пронаоѓањето на телото, полицијата го уапсила Нордмо, додека истрагата за овој трагичен случај е во тек. Нордмо до сега немал криминално досие.
Пухака ја започнал својата хокеарска кариера кога имал само шест години, а играл за различни клубови во Финска и Франција. Стигна до ниво на репрезентативец и освои бронзен медал на Светското првенство за јуниори до 18 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА