Екс играч на Реал нов тренер на Бока, Рамос ќе биде првото засилување

Аргентинскиот фудбалски стручњак Фернандо Гаго е назначен за нов тренер на Бока Јуниорс, соопшти денеска клубот од Буенос Аирес.

Гаго (38) на местото тренер на Бока Јуниорс го замени Диего Мартинез, кој пред неколку недели поднесе оставка. Гаго ќе дебитира на клупата на клубот од Буенос Аирес во сабота на натпреварот против Тигре во 18. коло од аргентинскиот шампионат.

Претходно беше тренер на Алдосиви, Расинг и Гвадалахара. Гаго во својата кариера настапуваше за Бока Јуниорс, Реал, Рома, Валенсија и Велез Сарсфилд. За аргентинската репрезентација одигра 61 натпревар.

Прво засилување би можел да биде ветеранот Серхио Рамос, кој играше заедно со Гаго во таборот на „кралевите“, а сега е без клуб.

Се вчитува...