Летово од Баерн Минхен во Манчестер Јунајтед заминаа стоперот Матијс Де Лихт и десниот бек Нусар Мазрауи, меѓутоа тимот од Олд Трафорд не планира тука да застане.
Според информациите од Англија, Јунјатед ќе тргне по уште две имиња од најтрофејниот германски клуб. Ова ќе се случи само ако Томас Тухел го преземе кормилото од Ерик тен Хаг, кој е пред отказ.
Согласно тоа, Тухел во својот нов тим ќе ги донесе Лерој Сане и Леон Горецка, кои се негова желба за нови засилувања во тимот.
Сане во моментов е во преговори со Баерн, затоа што наскоро му истекува договорот, а тоа може да го искористи Јунајтед и да го донесе уште зимоска за малку пари. Кај Горецка ситуацијата е поинаква. Тој има уште договор, Баерн сака да го продаде, но проблем е неговата плата од 18 милиони евра годишно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА