Преговорите се во завршна фаза: Тухел го презема кормилото на Англија

Томас Тухел е најсериозен кандидат за преземање на селекторската функција во Англија. Според англиските медиуми, англиската федерација ја забрза постапка за назначување на нов селектор после поразот од Грција на Вембли (1-2) во Лигата на Нации.

Сегашниот В.Д. селектор Ли Карсли, после дуелот со Финска, изјави дека „на Англија и треба професионален тренер да ги води“.

Претходно имаше најава дека и Пеп Гвардиола е еден од кандидатите, но тој изјави дека засега нема намера да биде слекетор на „Гордиот Албион“.

Се очекува во следните неколку дена да биде се договорено, и Тухел да биде новиот селектор, кој ќе ја води селекцијата најмалку до крајот на Мундијалот во 2026 година.

Се вчитува...