Јуниорската репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години не успеа да се избори за елитни квалификации за пласман на ЕП, откако во последното коло од претквалификацискиот циклус ремизираше (1-1) со Луксембург.
Надежите одлично го почнаа денешниот дуел, поведувајќи со 1-0 со голот на Данев уште во 8.минута, но Луксембург израмни со погодокот на Домингос буквално во последната секунда од првото полувреме.
Во вториот дел силни беа обидите на македонските младинци да дојдат до победата која ќе ги однесеше до второто место во групата и место во елитните квалификации, но безуспешно.
На крајот Македонија ги заврши претквалификациите со два бода, по ремито претходно и со Летонија, и поразот од Словачка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА