Падна договор: Тухел е новиот селектор на Англија

Веќе нема никакви дилеми, Томас Тухел ќе биде новиот селектор на Англија откако германскиот стратег ги договори сите детали од соработката со челниците на ФА.

Екс-менаџерот на Челси пред неколку дена беше потенциран како главен фаворит во трката за наследник на Герет Саутгејт, а откако привременото решение Ли Карсли обелодени дека сака да го отстапи своето место на стратег што знае како се освојуваат трофеи, експресно следеше и договор со Тухел.

Информацијата први ја пренесе британскиот весник „Тајмс“, а потоа преку најразлични извори ја потврдија и бројни медиуми на „островот“.

Последен ангажман на Тухел беше како предводник на Баерн Минхен, од каде доби отказ откако минатата сезона не освои ниту еден трофеј, нешто што на баваркиот гигант му се немаше случено подолго од една деценија.

Се вчитува...