Вечерашните натпревари во Лигата на Нации, со кои беше затворен октомврискиот репрезентативен прозорец, донесоа бројни возбудувања, пред се на дуелот меѓу Полска и Хрватска што заврши 3-3. Полјаците први поведоа, Хрватска стигна до 1-3, но домашните фудбалери не се предадоа и преку Шимански во 68. минута стигнаа до бод.
Хрватите го завршија мечот со играч помалку на теренот, откако голманот Ливаковиќ доби директен црвен картон за прекршок надвор од шеснаесетникот над Левандовски, кој според полскиот селектор бил повреден за да стартува, но сепак влезе во игра во второто полувреме.
Шпанија ја оправда улогата на фаворит на домашен терен против Србија, славејќи со 3-0. Србите се надеваа на изненадување по одличната победа над Швајцарија, но актуелниот европски првак одигра рутински, триумфирајќи со головите на Лапорт, Мората и ремек-делото од слободен удар на Баена. Пикси и неговите избраници можат да жалат за промашениот зицер на Митровиќ при 1-0, кога српскиот голгетер од десетина метри имаше празен гол пред себе, но шутираше непрецизно.
Шкотска со одлична игра во дефанзива ремизираше 0-0 на домашен терен против Португалија, а без победник заврши и дуелот Швајцарија – Данска (2-2),
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА