Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти смета дека 27-годишниот дефанзивец Хесус Ваљехо не е играч на нивото на „кралевите“, пренесува „АС“.
Според изворот, во отсуство на дефанзивците кои се повредени, италијанскиот стручњак повеќе ги користи услугите на Аурелиен Чуамени, отколку на Ваљехо.
Исто така се напоменува дека „кралевите“ нема да го продолжат договорот со играчот, кој му истекува идната година. Оваа година беше дел на само еден натпревар во Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА