Португалското правосудство официјално поднесе тужба против фудбалскиот клуб Бенфика од Лисабон за дел од корупцијата направена во периодот од 2016 до 2019 година, со цел да местат натпревари во нивна корист.
Со тоа клубот влезе во проблеми пред продолжението на сезоната во која моментално е на 3. место во Лигата на шампионите, како и во португалската лига.
„Ќе се браниме од овие неосновани обвинувања. Бенфика и нејзините адвокати детално ќе ги анализираат обвинувањата за кои беа информирани денеска “, се вели во соопштението на клубот.
Бенфика додаде дека сомнежите се однесуваат на „делата што му се припишуваат на нејзиниот поранешен претседател и поранешен советник“.
Главен обвинет во најавениот судски процес е Луис Филипе Виеира, кој раководеше со клубот 18 години, до неговото апсење во јули 2021 година, во друг случај поврзан со нарушување на довербата и измама.
Португалските медиуми објавија дека обвинителството утврдило дека Бенфика му платила на клубот Виторија де Сетубал да ја „пушти“ Бенфика да победи на два натпревари од португалската лига за возврат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА