Барселона ќе го продолжи договорот со 17-годишниот крилен напаѓач Ламин Јамал . Актуелниот договор на младиот играч истекува во летото 2026 година.
Според Мундо Депортиво, „каталонците“ веќе имаат усмен договор со Јамал и би требало следната година, кога фудбалерот ќе биде полнолетен, договорот ќе му биде продолжен до крајот на сезоната 2029/2030.
Јамал оваа сезона одигра 11 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, постигнувајќи 5 гола и 5 асистенции. Според порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на играчот е 150 милиони евра.
Благодарение на одличните игри на Јамал , неговиот тим успеа да го заземе првото место во поредокот во Ла Лига , а Каталонците имаат само еден пораз во првенството досега. Во моментов, сепак, Јамал лекува повреда и може да го пропушти најважниот меч на почетокот на сезоната, кој му претстои на тимот – „Ел Класико“ со Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА