Варан: Фудбалот стана роботизиран, тимовите функционираат по ист модел

На изненадување на сите, Рафаел Варан на 31 година стави крај на кариерата. Ова се случи неодамна, а одлуката е донесена после тешката повреда која стоперот ја заработи во јули.

Иако се чинеше дека ќе игра во полна форма во Серија „А“ уште неколку сезони, сепак, тој одлучи да стави крај. Зборуваше дека заминува во пензија разочаран и го објасни сегашното ниво на фудбалот.

„На сите позиции се става акцент на физичката подготвеност, и се помали се разликите меѓу клубовите. Сега сите се исти во дуел „еден на еден“, фудбалот стана роботизиран. Тимовите функционираат по ист модел, тешко се менува, нема слобода. Фудблаот треба да биде игра на грешки, но тие се се помалку и помалку. Анчелоти сака секогаш добра игра, но со новата генерација на тренери тоа е се потешко“, рече Варан.

Тој проговори за одлуката да го напушти Манчестер Јунјатед и да се приклучи на Комо.

„Сакав да ја завршам кариерата борејќи се за титула. Тоа не се случи со Манчестер Јунајтед, а потоа ми требаше нешто посебно. Така го одбрав Комо. Знаев дека проектот Манчестер Јунајтед повеќе не е за мене. И проектот Комо ме натера повторно да го засакам фудбалот. Но, кога доживеав повреда во јули, знаев дека е крај. Имам проблеми со коленото од 2013 година“, кажа Варан кој не се гледа себе си како тренер во фудбалот, туку повеќе како функционер.

Се вчитува...