Роналдо „дивееше“ во Глазгов: „Судија, ти си ср**е“

Хрватска ремизираше на гостувањето кај Полска (3-3), а Португалија имаше шанса да се одвои на врвот во групата во Лигата на нации  Сепак, тоа не го направија бидејќи ремизираа, играјќи без голови на гостувањето во Шкотска.

Избраниците на Роберто Мартинез доминираа, но го најдоа патот до голот. Поминаа 90 минути, судијата покажа уште четири минути продолжение, а потоа Португалците требаа да изведат корнер, но судијата Лоренс Висер од Белгија означи крај на натпреварот.

Кристијано Роналдо едноставно „полуде“ по таа одлука. Тој покажа кон судијата и му рече дека е „срање“. На фрустрацијата и немаше крај и по влегувањето во соблекувалната.

Последното коло во групата ќе решава за првото место во Лигата на Нации. Португалија тогаш гостува на „Пољуд“ на Хрватска, а претходно има меч со Полска на домашен терен. Хрватска, пак, ќе игра со Шкотска во гости, па ќе ја дочека Португалија. Португалија има 10 бодови, три повеќе од Хрватите.

Се вчитува...