Пикерот на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски пред пресметката со Висла во Лигата на шампионите, истакна дека бодот освоен на минатиот меч со Спортинг, ќе биде мотивација за уште подобра игра на следните натпревари.
Тој кажа дека Висла е незгоден и искусен тим, и дека се подготвени максимално за овој меч.
„Ни падна товарот на грбот, после бодот со Спортинг. Тоа ќе ни биде една голема мотивација да одиме по оној бод кој ни недостасува. Гостуваме на многу незгоден противник, составен од одлични поединци и одличен тренер. Имаат гранитна одбрана, со искусни голмани кои сакаат сигурен и смирен напад. Се подготвуваме максимално како за овој меч, така и за сите и мислам дека ако влеземе на овој натпревар подготвени, ќе успееме да дојдеме до целта“, рече Пешевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА