Алкалоид со засилен состав по нова европска титула на Европскиот клупски куп во Србија

Најдобриот македонски шаховски клуб Алкалоид го очекува нова битка за европска шампионска титула на престојниот Европскиот клупски куп кој ќе се одржува од 20 до 26 октомври во Врњачка Бања, Србија.

По освојувањето на 12-та едноподруго шампионска титула (по 26-ти пат во последни 32 години), сега желбата на Алкалоид е вистинско позитивно презентирање на македонскиот шах и во меѓународни рамки.

За настапот на Европскиот клупски куп нови засилувања во составот се Арјун Еригаиси, Аравинд Читамбарам Веераппан и Нараианан С.Л. од Индија, како и Ји Веи и Јангјуи Ју од Кина, и Александар Инѓиќ и Велимир Ивиќ од Србија, заедно со повеќекратниот македонски шампион Филип Панчевски. Капитен на екипата е велемајсторот Влатко Богдановски, повеќекратен државен шампион и долгогодишен член на државната репрезентација.

Од 84 пријавени екипи на Европски клупски куп 2024, Алкалоид се наоѓа иницијално (според просечен рејтинг на екипата) на второто место, на турнирот кој всушнот е шаховската Лига на шампиони.

Алкалоид, како што е познато, европската шампионска титула во својата историја ја освои пред осум години, токму во Србија.

Се вчитува...