Испливаа деталите: Како Јунајтед изминативе месеци го понижувал Сер Алекс Фергусон

Манчестер јунајтед повторно се соочува со „сеизмички промени“ сега со дефинитивно отстранување на легендарниот Сер Алекс Фергусон од клубот.

Управата донесе одлука да ја прекине соработката со Фергусон кој досега уживаше во улогата на амбасадор на клубот, со годишна плата од 2,6 милиони евра. Иако Фергусон служеше како симбол на клубот, очигледно им стана товар на новите сопственици.

Новиот инвеститор во клубот, Сер Џим Ретклиф, очигледно сака радикални промени и нова ера без влијание од минатото. Фергусон често периодо, како амбасадор на клубот, доаѓаше и во соблекувалната на тимот пружајќи поддршка за играчите и тренерите.

Но, како што пренесува „Дејли мејл“, пред и дефинитивно да добие прекин на соработката изминативе месеци Сер Алекс добил совет повеќе да не влегува во соблекувалната на деновите на натпревар. Иако официјално тоа не му било забрането, тоа било интерен договор меѓу членовите на клубот, кои на тој начин го понижувале и очекувале сам да се свести. Па, Фергусон неизбежно тоа го почувствувал и откако сам потегнал разговор околу неговиот статус во клубот добил одговор дека треба да си замине.

Се вчитува...