Какво промашување: Манчини е пред отказ во Саудиска Арабија

Роберто Манчини го напушти кормилото на Италија за да стане селектор на Саудиска Арабија, што од денешна перспектива се покажува како многу лош потег на трофејниот стручњак.

Од самиот почеток тој влезе во конфликт со новинарите, се жалеше и на премалата минутажа што домашните фудбалери ја добиваат крај скапите светски ѕвезди, но на крај како и кај секоја друга тренерска работа – единствено валидно мерило се резултатите. А тие велат дека Саудиска Арабија моментно е трета во групата со пет бода помалку од лидерот Австралија и сериозна опасност воопшто да не се пласира на следниот Мундијал.

Навивачите веќе гласно бараат на Италијанецот да му биде врачен отказ, а челниците на федерацијата не го кријат разочарувањето откако Саудиска Арабија ремизираше дома против Бахреин, дополнително компликувајќи си ја битката за пласман на СП 2026.

„Мораме да им се извиниме на навивачите кои доаѓаат на стадион да ни дадат поддршка.Ова е неприфатлива ситуација, освоивме два бода на последните три домашни средби. Наскоро ќе донесеме одлука“, изјави првиот човек на Фудбалската Асоцијација на Саудиска Арабија, Јасер ал Мисехал.

Манчини има договор до 2027 година за загарантирана плата од 18 милиони евра годишно (плус шест милиони преку најразлични бонуси), па јасно е дека во случај на отказ Италијанецот ќе треба да добие и огромна сума како отштета за предвремениот прекин на соработката.

Се вчитува...