Актуелниот шампион Барселона стигна до на гостувањето кај ППД Загреб од 29-31. Каталонците уште од самиот старт го презедоа водството и се до последните десет минути без проблеми ја одржуваа предноста. Сепак, на крајот следеше голем пад, но домаќините успеаја да стигнат само до пораз од два гола разлика 29-31.
Дика Мем со шест гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Филип Главаш постигна осум гола.
Ракометарите на Алборг во трилер меч на домашен терен славеа над Пик Сегед со 29-28. Првото полувреме помина во израмнета игра на двете страни во која само за нијанса беа подобри домаќините кои на пауза заминаа со минимална предност од 16-15. Во вториот дел израмнетата игра на двете страни продолжи до самиот крај, па на две минути се влезе со реми 28-28. Алборг беше посконцентриран во финишот и со голот на Турин стигна до победа.
Турин и Јул со по пет гола беа први имиња кај победникот, додека кај поразените Ричард Бодо постигна шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА