Црвена звезда билетите за дуелот со Барса ги продаде за рекордно време

АБА лигашот Црвена звезда успеа за рекордно време да ги продаде билетите за дуелот против Барселона во четвртото коло од годинашното издание на Евролигата. За дуелот меѓу клубот од Белград и Каталонците имаше огромен интерес, а сите билети беа продадени за само еден час.

Не само што „црвено-белите“ се на врвот на табелата со скор од 3-0 по перфектниот старт на сезоната во Евролигата, туку и начинот на кој беше постигната победата во Истанбул, покажа дека можностите на тимот на Сферопулос оваа сезона се многу високи.

„Белградската арена“ ќе биде целосно исполнета в петок од 20 часот кога Барселона ќе му гостува на шампионот од Јадранската лига.

Се вчитува...