Синер лесно против Медведев на стартот на „Слемот на шесте кралеви“

Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер на убедлив начин го стартуваше „Слемот на шесте кралеви“ егзибициски турнир кој се игра од оваа сезона во Саудиска Арабија.

Тој во четвртфиналето со максимални 2-0, по сетови 6-0 и 6-3 славеше над Русинот, Данил Медведев. Во полуфиналето италијанскиот тенисер за противник ќе го има најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.

Во вториот меч денеска се среќаваат Карлос Алкараз од Шпанија и Данецот, Холгер Руне, а победникот од овој дуел ќе се сретне во полуфиналето со Рафаел Надал.

Се вчитува...