Судиите на натпреварот од АБА 2 лигата меѓу Златибор и Борац Бања Лука направија голем превид. Имено, тимот на Златибор речиси цела минута имаше играч повеќе на теренот, а дури успеаја и да реализираат еден напад.
Судиите, интересно, целото тоа време не забележаа дека домашниот тим има повеќе играчи на теренот, ниту пак им беше сигнализирано од гостите кои фокусирани на играта не ни забележаа што се случува.
Клупата на Златибор на крајот реагираше и повлече еден играч од теренот, а натпреварот продолжи како ништо да не се случило.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА