Дали е ова крај за Нојер во Баерн Минхен?

Мануел Нојер и оваа сезона блеска на голот на Баерн Минхен, но управата на клубот е во сериозна дилема дали да ја продолжи соработката со ветеранот.

Причината е јасна, Нојер веќе има 38 годинии баварскиот гигант сериозно размислува за ангажман на нов врвен чувар на мрежата со кој би почнала нова ера во клубот. Првиот човек на клубот, Карлхајнц Румениге имаше само пофални зборови за голманот, но истовремено и најави дека се уште е далеку од продолжување на соработката, што истекува на крајот од сезонава.

„За Нојер имам само пофални зборови. Начинот на кој се врати по онаа тешка повреда и паузата од нецела година, мислам дека никој не очекуваше такво нешто. Квалитетите како голман му се несомнени, а му одговара и што Компани е тренер, бидејќи се случува и тој почесто да ја има топката во нозе додека соиграчите се распоредуваат по позициите на теренот. Се е добро, но не можам да кажам дека сигурно ќе остане и следната сезона. Одлуката дали ќе му понудиме нов договор се уште не е донесена“, изјави Румениге.

Се вчитува...