Афера Стокхолм: Сега Мбапе ќе ги тужи Швеѓаните?!

Килијан Мбапе се наоѓа во центарот на вниманието на јавноста, но не поради фудбалски причини туку поради големиот скандал откако асот на Реал Мадрид беше обвинет за обид за силување додека се наоѓал на краток одмор во Стокхолм.

Самото појавување на Мбапе во шведската метропола беше изненадување, особено откако поради повреда реши да не настапува за Франција во оваа репрезентативна пауза. Нецели 24 часа по првите фотографии од Мбапе во Шведска пристигнаа и обвиненијата за наводен обид за силување од страна на фудбалската суперѕвезда.

Мбапе во прв момент го оцени тоа како „лажни вести“, но веќе станува јасно дека проблемот не е наивен. Пријава дефинитивно постои, а полицијата постапува по истата, веќе е направен претрес во собата во која престојувал Мбапе со своите пријатели и земени се физички докази поврзани со случајот.

Засега не се откриваат детали, но се очекува во следните денови полицијата да излезе со конкретни информации околу истрагата, како и дали против Мбапе ќе биде покрената соодветна кривична пријава.

Во меѓувреме, адвокатскиот тим на фудбалерот на Реал веќе почнал да се заканува со тужби против шведските медиуми кои секојдневно информираат за случајот и за текот на истрагата. Нарушување на угледот и честа е она на што Мбапе ќе се жали во судскиот процес против медиумите…

Останува да се види епилогот, најпрвин од истрагата против Мбапе, а потоа и од евентуалниот судски процес на фудбалерот против шведските медиуми.

Се вчитува...